Обуки за ЛГБТ активизам, терминологија и делување на локално ниво

ЛГБТ Јунајтед Тетово во септември, октомври и ноември ќе реализира серија на тридневни обуки наменети за припадниците на ЛГБТ заедницата од општините Чаир, Шуто Оризари, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Охрид и Струга.

Како што соопштува ЛГБТ Тетово, дел од обуките се за ЛГБТИ терминологија, ЛГБТИ активизам, „coming out“, креативен активизам, делување на локално ниво и др.

Сите заинтересирани припадници на ЛГБТИ заедницата може да аплицираат со праќање на кратко мотивациско писмо на електронската адреса info@lgbtunited.org до 16 септември.

„За времето и местото и точната програма на обуките ќе бидете информирани откако ќе се информираме за вашето учество на обуките“, велат од центарот од Тетово.