Обука за врснички тренери за сексуалното и репродуктивно здравје преку „Театар на сенки“

Здружението „Сенки и облаци” организира организира работилница за тренери кои ќе се обучуваат за примена на едукација за сексуално и репродуктивно здравје и права преку креативната алатка „Театар на сенки“.

Право на учество на тренингот кој ќе се одржи од 17 до 22 април во Охрид, имаат млади на возраст од 18-26 години кои се вклучени во младински активности и кои сметаат дека со својата работа можат да придонесат кон главната цел: Превенција на ХИВ/СИДА и ППИ во Македонија преку нови креативни техники.  Тренингот е наменет за врснички тренери од областа на сексуалното и репродуктвно здравје и права, кои ќе имаат можност да се стекнат со нова креативна техника „Театар на сенки“ и да едуцираат млади од оваа област.

Целта на тренингот е обука на прва генерација на тренери со употреба на оваа нова креативна алатка , зајакнување на капацитетот на организацијата, вклучување нови соработници и промовирање на алатките на „Сенки и облаци” за подобрување на квалитетот на врсничката едукација.

Организаторите ќе ги покријат трошоците за превоз и престој во Охрид.

Право да аплицираат имаат сите млади од цела Македонија. Заинтересираните кандидати треба да се мотивирани и посветени на младинска работа и уметност, да се отворени за учење и креативно изразување, за тимска работа, имаат солидни комуникациски вештини и искуство во областа на СРЗП и права.

Комплетните апликации треба да содржат пополнет апликационен формулар кој можете да се преземе на www.prikaznivosenka.mk, како и кратка биографија на апликантот кои се испраќаат на info@prikaznivosenka.mk.

Пријавувањето трае до 4 април, 2015 година.