Објавен датумот за премиерата на „The French Dispatch“ на режисерот Вес Андерсон

Уште во декември 2018, беше соопштено дека Тимоти Халамет ќе ја игра главната улога на новиот филм на Вес Андерсон, „The French Dispatch“, но сега јавноста го доби и датумот на премиерното прикажување.

Десеттиот филм на Андерсон премиерно ќе се прикаже на 24 јули, 2020 година.

На почетокот на овој месец, „Searchlight Pictures“, компанијата која го дистрибуира филмот, откри подетални информации за да ги насочи очекувањата на јавноста. Постоеа гласини дека филмот ќе трае четири часа и дека ќе биде мјузикл, но тие не се точни.

Напротив, студиото го објави краткото сиже за филмот кое е „љубовно писмо кон новинарите, поставено во фиктивен француски град за време на 20тиот век. Филмот ги прикажува дел од сториите објавени во магазинот „The French Dispatch“.

Освен Халамет, на филмското платно ќе ги видиме и Бенисио Дел Торо, Тилда Свинтон, Бил Мaреј и Френсис Мекдорман.