Обама: Да го направиме тестирањето попаметно

Претседателот на Соединетите Американски Држави Барак Обама, со отворено писмо им се обрати на наставниците и родителите во кое образложува зошто смета дека не се потребни дополнителни тестови за учениците, туку оние што ги има да бидат попаметно направени.

„Еве едноставно прашање: Ако вашите деца имаа повеќе слободно време во училиште, што би сакале да прават со него?

Ако сте како повеќето родители, еве што се сомневам дека би сакале да прават вашите деца во нивното слободно време во училниците – да имаат дополнителни стандардизирани тестови. Јас сигурно не би го сакал тоа за моите ќерки.

Верувам дека паметни, стратегиски тестови можат да ни помогнат да го измериме напредокот на нашите деца во училиште. Како родител, сакам да знам како им оди на моите деца, и сакам нивните учители да го знаат тоа. Како претседател, сакам сите да останеме одговорни за секое дете, сите да го учат она што им е потребно за да бидат успешни.

Но, кога ќе помислам на прекрасните наставници кои го обликуваа мојот живот, она што се сеќавам не е начинот на кој ме подготвуваа за стандардизираните тестови. Она на што се сеќавам е начинот на кој ме научија да верувам во себе, да бидам љубопитен за светот. Да се грижам за моето учење, за да можам да го достигнам својот потенцијал. Тие ме инспирираа да отворам прозорец во делови од светот за кои никогаш не сум помислил.

Овие работи не можат лесно да измерат со штиклирање на точниот одговор. Преку писма, мејлови и разговори низ светот, слушнав родители кои се загрижени дека големиот број на тестови ќе ги оттргнат нивните деца од учење на најважните лекции во животот. Слушнав дека учители чувствуваат голем притисок да предаваат за тест, што го одзема задоволството од предавање и учење. Сакам да го поправам тоа.

Го замолив Одделот за образование да работи поагресивно со државите и образовните единици со цел сите тестови што ги користиме во училиште да имаат три основни принципи.

Прво, нашите деца треба да ги полагаат само оние тестови кои вредат, тестови со висок квалитет, со добри напатствија и кои ќе ги однесат сите на вистинскиот пат.

Второ, тестовите не треба да зафаќаат голем дел од наставата, или да го поттиснат предавањето и учењето.

Трето, тестовите треба да бидат само еден извор на информации. Ние треба да ја користиме работата во училница, анкетите и други фактори за да добиеме еден целосен поглед за тоа до каде се нашите ученици и училишта.

Советот на големите градски училишта, група од најголемите национални училишни системи, неодамна објави нов извештај за стандардизираното тестирање во нашите училишта, кој откри дека просечен ученик полага по 112 тестови пред да завршат средно училиште. Извештајот укажува на можноста да се елиминираат непотребните и некоординирани тестови – и да ослободат повеќе време во училниците за учење и предавање.

Ние ќе работиме со државите, образовните единици, наставниците и родителите за принципите кои ги посочив да се одразат во училниците низ земјата, и заедно ќе им помогнеме на нашите деца да се подготват за доживотен успех.