Новогодишен концерт „Слушни! Доаѓа Новата…“ во Филхармонија

Ансамблот „Јаношка“ од Австрија ќе настапи со оркестарот на Филхармонија на гала новогодишниот концерт „Слушни! Доаѓа Новата…“ кој ќе се одржи во петок во 20 часот. Со оркестарот ќе диригира маестро Борјан Цанев.

Музиката која ја создаваат тројцата браќа од Братислава – Ондреј, Франтишек и Роман Јаношка и контрабасистот Џулиус Дарвас претставува колоритен контраст на нивната класична наобразба со музиката од другите жанрови – од џез и латино, до поп музика. Крајниот резултат не е само микс од стилови, туку креативна синтеза – препознатливниот „јаношка стил“. Овој ансамбл е во постојана игра со музичките познавања на публикиата, слободно комуницира со класичните теми кои потоа ги транспонира во различни музички дисциплини, без да ја наруши уникатноста на стилот. Во нивната музика не постојат матрици, специјални формули, ансамблот „Јаношка“ спонтано креира имагинатина музика. Нивниот стил не е само звук, тоа „музика која живее“, која треба да се чуе и да се почувствува во живо.

„Сакаме да ја вратиме импровизацијата во класичната музика која е изгубена во последниве неколку векови“– вели Дарвас.

„Секој од нас има сопствени музички интереси, преференци, омилени жанрови и стилови. Си даваме свој простор, и заедно креираме музика во препознатливиот јаношка стил“- вели Одреј Јаношка.