„Новиот почеток“ најави ново име и нов албум на бендот

„Со најдраго срце, би сакале да ви соопштиме дека, од денес, го менуваме името. „Новиот почеток“ станува „The Beginnings“. Денес исто така би сакале со вас да го споделиме нашиот нов албум “I Am Dirt”, на кој работевме нешто повеќе од една година“.

Вака „Новиот почеток“ на своите пријатели, познаници и фанови преку социјалните мрежи го најавува новото име и новиот албум на овој панк-рок/мелодичен хардкор состав.

Бендот потенцира дека на новитетите активно работеле повеќе од една година, а во последните 10-тина години отствиреле огромен број концерти насекаде низ Македонија и земји од Европа.

„Сфативме дека дојдовме до овде до каде што сме, без никаков план, и ние вистински немавме од кого да учиме што значи да се биде бенд и во која насока треба да се развиваме. Со разните искуства кои ги имавме, да посетиме многу места и запознаеме многу драги луѓе, разбравме колку е голем светот и колку ‘venues’ постојат само поради нас, артистите. Сфативме дека имаме уште многу да освоиме. Па така, од овде, започнавме да работиме на нова приказна. Една поглобална приказна. Решивме да одиме понатаму. Ги пресметавме сите опции и сметаме дека ја направивме најдобрата одлука, која би значела вртење на нов лист и освојување на нови хоризонти… за на крајот да дојдеме до целосна ‘реконструкција’ на она што е овој бенд/приказна…“, се вели меѓу другото во соопштението на новоименуваниот состав „The Beginnings“.

Околу албумот, потенцираат дека бесплатен за слушање, симнување и споделување. I „Am Dirt” е составен од нивните најдраги песни, препишани од ново и препеани на англиски.

„Овој албум е нашиот нов почеток, нов старт, додека напорно работиме на новиот материјал (и е во план да биде издаден следната година)“, велат од бендот, потенцирајќи дека во план е албумот да биде издаден на 12” винил плоча следната пролет 2019, па притоа повикуваат заинтересирани издавачи од светот.