Нови можности за е-учење во областа на правото

Проектот на УСАИД за Балканската регионална мрежа за владеење на правото (БРМВП) вчера ја претстави новата платформа за е-учење, достапна на следниот линк.

Платформата за е-учење е составена од низа интернет презентации и предавања наменети за правниците во петте земји кои се дел од оваа мрежа, меѓу кои е и Македонија.

Таа нуди регионални курсеви (преведени на три јазици), како и курсеви за секоја земја посебно.

Програмата опфаќа теми поврзани со заштитата на човековите права во кривичните постапки, примената на европската конвенција на човечки права и основни слободи и европскиот суд за човекови права, курсеви за законите за кривична постапка.

Платформата е достапна за сите заинтересирани правници во секое време од секое место и е целосно бесплатна.

Од својот почеток во 2014 година, БРМВП создаде мрежа од приближно 50 членови од регионот вклучувајќи ги тука адвокатските комори, адвокатите, организациите на граѓанското општество и новинарите – кои се состануваа во текот на целата година да дискутираат за проблемите и проектите во клучните области: образование, правна помош, капацитети на адвокатската комора, реформа на кривичното законодавство и медиуми.