Нови локации за купување и надополнување на „Скопска“

ЈСП Скопје ја прошири секундарната продажна мрежа со над 20 локации (маркети, трафики и слично) кои се наоѓаат на фрекфентни места низ градот/општините, каде корисниците на јавниот превоз можат да купат/надополнат „Скопска“.

Описот на локациите со прилог фотографија е достапен на фејсбук страницата на ЈСП Скопје.

„Сега, секундарната продажна мрежа ја сочинуваат речиси 100 локации. Освен на посочените места услугите на ЈСП Скопје може да се купат и во 32 билетарници на претпријатието. Очекуваме дека секундарната продажна мрежа и понатаму ќе се шири со оглед на активниот јавен повик за соработка до сите заинтересирани субјекти“, соопштија од ЈСП.