Министерството за здравство (МЗ) денееска информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 725 нови случаи на Ковид-19.
Регистрирани се 274 случаи во Скопје, 79 во Прилеп, 55 во Кавадарци, 39 во Тетово, 34 во Куманово, 29 во Охрид, 26 во Гевгелија, 25 во Неготино, 24 во Велес, 20 во Штип, 18 во Гостивар, 16 во Битола, 13 во Струмица и 12 случаи во Кочани.
Потоа, по 11 случаи на Ковид-19 се регистрирани во Струга и Крива Паланка, шест во Богданци, пет во Крушево, четири во Ресен, по три во Свети Николе, Делчево, Пробиштип, Виница, Валандово, Кратово и Демир Капија, два во Кичево и еден случај регистриран во Берово.
Со ова, бројката на дијагностицирани со Ковид-19 од почетокот на епидемијата во земјава се искачи на над 100.000 случаи и сега изнесува 100.632.
Од МЗ соопштија дека во последните 24 часа се починати 13 лица, односно, четворица од Скопје на 85, 78, 72 и 64 години, четворица од Куманово на 70, 63, 57 и 50 години и по еден од Тетово на 66 години, еден од Прилеп на 72 години, еден од Битола на 71 година, еден од Велес на 75 години и еден од Пробиштип на 83 години.
Регистрирани се 215 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 125 , Прилеп – 19, Кавадарци – 13, Струмица – 9, Велес – 6, Битола – 5, Тетово, Куманово и Неготино – по 4, Гевгелија, Делчево, Демир Капија, Кичево и Радовиш – по 3, Гостивар, Ресен, Пробиштип и Демир Хисар – по 2, Кочани, и по 1 од Крива Паланка и Виница.
„Бројката на оздравени пациенти е 90.311, на починати е 3.098, а бројот на активни случаи изнесува 7.223“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 509.720 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.342 тестови.