Нови 68 случаи на заразени со Ковид-19, бројката се искачи на 828 лица

Министерството за здравство (МЗ) преку соопштение информираше дека во изминатите 24 часа се регистрирани нови 68 случаи на Ковид-19, односно по градови, регистрирани се 18 случаи во Куманово, 15 во Скопје, 14 во Прилеп, 10 во Струга, шест во Велес, два случаи во Тетово и по еден случај во Битола, Гостивар и Кочани. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во земјата се искачи на 828 лица.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се примени 2 нови пациенти, а моментално таму се хоспитализирани 69 пациенти. Од нив, 18 се на кислородна поддршка, додека осум се на респираторна машина.

„Во ‘8-ми Септември’, примени се 9 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 31 пациент, од кои 6 се на респираторна машина. Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти. Пациентите се стабилни, а 1 пациент е повремено на кислородна поддршка. На домашно лекување се следат 8 пациенти со лесна клиничка слика. Во болницата во Штип е хоспитализирани 13 пациенти, а уште 13 се следат на домашно лекување“, информираат од МЗ.

Во изминатото деноноќие, од МЗ соопштуваат дека се направени 404 теста, додека вкупната бројка изнесува 8.057 тестови.