Новата песна на ДНО е НЛО, посветена на ќерката на Мио

ДНО е НЛО денес ја објавија својата најнова песна, именувана „Чувај ме“. Песната е посветена на Ниа,  ќерката на авторот и фронтмен Владимир Поп Христов – Мио, која денес слави роденден. Воедно, бендот песната ја објави денес, за освен роденденот на Ниа, да го прослави и првиот пролетен ден.