Нова опција на Инстаграм ќе крие навредливи коментари

Инстаграм ќе воведе нова функција која ќе бара од корисниците да размислат два пати пред да објават некој коментар што е навредлив.

Опцијата, која беше презентирана изминатиов понеделник, ќе користи вештачка интелигенција за да процени дали одреден коментар е навредлив или не. Доколку го процени за таков, пред коментарот да биде испратен, апликацијата ќе испрати порака „Дали сте сгурни дека сакате да го постирате ова? Дознај повеќе!“ до корисникот.

Доколку одберете „Дознај повеќе!“, апликацијата ќе ве одведе до прозорец каде ќе стои „Охрабруваме луѓе да размислат пред да напишат коментари слични на оние кои претходно биле пријавени“.

Адам Мосери, извршен директот на Инстаграм, на својот блог изјави дека компанијата може и треба да допринесе многу повеќе во борбата против насилство на интернет. Тој вели дека претходни тестирања покажале дека опцијата фунцкионира, односно ги намалува негативните и навредливи коментари.

Воведувањето на новата карактеристика доаѓа откако таткото на Моли Расел, 14 годишната тинејџерка која си го одзеде сопствениот живот во ноември 2017 година, изјави дека верува дека платформата е делумно одговорна за нејзината смрт.

„Доколку наскоро не се направи некоја промена на апликацијата, таа ќе стане многу потоксична“, додава тој.

Мосери исто така додава и дека работат на воведувањето на уште една нова функција против навреди наречена „Restrict“ ( Ограничи ).

„Откако ќе „ограничите“ некого, коментарите на вашите објави од тоа лице ќе бидат видливи само за таа личност”, објасни тој.„Наша одговорност и обврска е да овозможиме безбедна средина на Инстаграм“, заклучи Мосери.