Нова алатка на Microsoft може да чита емоции

Microsoft откри нова алатка на својата веб страница, која ги чита емоциите на луѓето преку софтверот за препознавање на лицата.

После развивањето на алатка која може да ја погоди возраста на личноста на фотографијата, Microsoft сега создаде и софтвер кој може да ги прочита емоциите на лицето на субјектот на фотографијата.

Сé што личноста треба да направи е да прикачи фотографија на веб страницата на Microsoft, Project Oxford, каде се наоѓаат нивните бета алатки. Со користење на софтвер за препознавање на лица и вештачка интелигенција, алатката за препознавање на емоции ќе создаде бројки кои покажуваат што чувствувате најмногу од следниве емоции: бес, одвратност, презир, страв, среќа, неутралност, тага и изненаденост.

Microsoft објави и API (application program interface) за алатката за препознавање на емоции, што значи дека програмер може лесно да произведе апликација за читање на емоции, заедно со апликацијата  која ја погодува возраста.

Сепак, познато е дека алатките за препознавање на лица не функционираат најдобро секогаш. Еднаш Google и Flickr мораа да им се извинат на своите корисници, откако нивниот софтвер ги означи црнците како „горили“.

Извор: Guardian