Нов закон за следење на интернет комуникациите во Велика Британија ќе бара од интернет провајдерите да соберат податоци од секој сајт што корисниците го посетиле во последните 12 месеци. Полицијата и безбедносните сили ќе имаат пристап до тие податоци.
Законот содржи одредба со која инернет и мобилните компании ќе надгледуваат кои веб-страници, апликации и услуги се посетувани.
Според државната секретарка Тереза Меј законот е важен во борбата против тероризмот и значително ќе ја подобри безбедноста на корисниците.
Таа ја опиша евиденцијата на интернетот како сметка за телефон, која ќе покажува листа на сите поврзувања што се направени од некој уред, но нема да покажува што било комуницирано. За посериозно следење ќе треба налог.
Записите ќе ги прават инернет провајдери, вклучително и компанијата TalkTalk, која неодамна соопшти дека била мета на хакерски напад, што резултираше со објавување на податоци на корисници, кои подоцна признале дека не ги презеле сите мерки за приватност.
Во иднина, предлог-законот ќе го разгледуваат повеќе судии кои ќе даваат налози со кои ќе им се дозволи на службите за безбедност да ги хакираат осомничените во нивните истраги. Засега, само државната секретарка и министрите имаат моќ да ги овластат овие прекршувања.