Група граѓани, неофицијално здружени под името „Шепасти ентузијасти“ денеска повторно ќе излезат на улица за да побараат од институциите да ги применуваат законите што ги штитат правата на животните, но и да преземат одговорност за непостапување по однос службена должност.
Протестниот марш ќе започне во 18 часот од Собрание, по што ќе продолжи кон Влада.
Нивните барање се: МВР веднаш да излезе на терен да собира докази и по службена должност да ги достави на испитување во одделот за криминалистичка техника и судска медицина. Потоа, судска медицина да изврши аутопсии (некропсии) на труповите, а обвинителство да покрене обвинителен акт.
Покрај ова, бараат здружен инспекциски надзор од Агенцијата за храна и ветеринарство и Инспекторат за земјоделство (во чија надлежност е контрола на промет на опасни супстанци), како и Државниот инспекторат за животна средина кој ќе констатира опасност по животната средина, Инспекторат за здравство кој ќе констатира опасност по здравјето и безбедноста на граѓаните.
Во нивните барање стои и инспекторатите да достават соодветни решенија до МВР со лица кои набавиле такви супстанци во скоро време и/или да ги казни аптеките и да им изрече времена забрана за вршење дејност ако тие супстанци ги издале без соодветни процедури.