Нов мурал на зградата на „Дом на градежници“ посветен на холандскиот уметник Карел Апел

Со изработка на мурал на зградата на „Дом на градежници“ во Скопје, Град Скопје заедно со Холандската Амбасада ја одбележа 100-годишнината од раѓањето на еден од најистакнатите холандски уметници Карел Апел.

фото: Град Скопје

Како што велат од Град Скопје, муралот е инспириран од творештвото на Апел, кој покрај својот исклучителен придонес во холандската ликовна уметност, бил и скулптор и поет.

Муралот е создаден од графити уметникот Дани Рамбл со асистенција на Цветан Неделковски – Хром.