Норвешка стана првата земја во светот во која се продале повеќе електрични отколку бензински автомобили

Електричните автомобили сочинуваат 54% од целата продажба на нови возила во Норвешка за 2020 година, а ова ја прави Норвешка првата земја во светот во која се продале повеќе електрични, отколку бензински, хибридни и автомобили на дизел за една година, јавува „Индипендент“.

Норвешката влада планира да забрани продажба на бензински и дизел автомобили до 2025 години и користи даночни олеснувања и финансиски стимулации за да поттикне продажба на поодржливи возила.

Електричните возила со батерии сочинуваа 54.3% од продажбата на нови автомобили во 2020 година, додека таа бројка била 42% во 2019 година, според податоците кои вчера ги објави Норвешката патна федерација (ОФВ).

„Дефинитивно сме на добар пат да ја постигнеме целта за 2025 година“, рече Ејвинд Торсен.

Најпопуларен модел во земјата бил „Е-трон“ на компанијата „Ауди“, додека на второто место е возилото „Модел 3“ на компанијата „Тесла“.