Вилиам Нордхаус и Пол Ромер ја добија Нобеловата награда за економија за 2018 година поради нивниот развој на методи за долгорочен одржлив развој на глобалната економија и благосостојба на светската популација.
Според Нобеловиот комитет, Нордхаус ја добива наградата за неговата работа за штетите предизвикани од климатските промени, а Ромер за неговите истражувања за тоа како економистите можат да постигнат одржливо ниво на економски раст.
„Во суштината на економијата е менаџирањето со недостатокот на ресурси. Природата ги диктира главните ограничувања на економскиот раст и нашето знаење одредува колку добро се справуваме со овие ограничувања. Овогодишните нобеловци, Вилиам Нордхаус и Пол Ромер, значајно го проширија опсегот на економска анализа преку конструирање на модели кои објаснуваат за интеракцијата на пазарната економија со природата и знаењето“, соопштија од Нобеловиот комитет.
BREAKING NEWS: ⁰The Royal Swedish Academy of Sciences has decided to award the Sveriges Riksbank Prize in Economic Sciences in Memory of Alfred Nobel 2018 to William D. Nordhaus and Paul M. Romer. #NobelPrize pic.twitter.com/xUs6iSyI7h
— The Nobel Prize (@NobelPrize) October 8, 2018
Нордхаус е еден од првите луѓе кои создале квантитативен модел за објаснување на глобалната поврзаност меѓу економијата и климата. Неговиот модел сега е широко распространет и се користи за проучување на последиците од интервенциите во климатските политики, како на пример оданочувањето на јагленот.
Ендогената теорија на раст, која е базирана на истражувањата на Ромер, пак покажува како растот е генериран од внатрешни, наместо од надворешни фактори. Ова е значајно бидејќи покажува дека владите можат да направат вистинска промена кај животите на луѓето преку економските политики – од инвестиции и образование, до борба против монополите и заштита на интелектуалните права – наместо да ги обвинуваат факторите кои не се во нивна контрола.