Њујорк: се продава 100 години стар напуштен затвор

Стотина години стар објект кој се протега на 131 хектар земја во американската држава Њујорк, содржи повеќе од 100 објекти и порано се користел како затвор, е понуден на продажба.

Канцеларијата за економски развој соопшти дека 7 јули е крајниот рок за поднесување на понуди за да се претвори затворот со преубав поглед, сместен на планината Адирондак, во ново претпријатие.

Државата го затвори поправниот дом „Мекгрегор“ минатото лето како дел од планот да затвори четири затвори поради падот на бројот на осуденици во државата. Тој се наоѓа во градот Саратога, во округот Моро.

Некои од зградите датираат од 1915 година, кога домот било место каде се сместувале заболените од туберкулоза. Во 1970-тите објектот бил претворен во државен затвор во кој казни служеле околу 500 затвореници.