„Ничие дете“ во кината од 9 април

„Ничие дете“, српскиот дебитантски игран филм на сценаристот и режисер Вук Ршумовиќ, во продукција на Миша Могоровиќ, ќе се прикажува во кината од 9 април.

Филмот се базира на чудесната и вистинита приказна за дивото момче (во филмот го игра Денис Муриќ) кого во средината на осумдесетите години од минатиот век ловци го пронашле меѓу волци во шума на планините во Босна и Херцеговина, по што е пратено во Белград во дом за деца без родители за да се социјализира.

Наспроти очекувањата, момчето, кое го добива името Харис Пуќурица, почнува забрзано да се развива и склопува пријателства.

Во филмот играат децата Денис Муриќ, Павле Чемерикиќ, Исидора Јанковиќ и актерите Милош Тимотијевиќ, Тихомир Станиќ, Борка Томовиќ, Горан Шушљиќ, Зинаида Дедакин, Бранка Шелиќ, Михаило Лаптошевиќ, Драгиња Вогањац, Марија Опсеница, Љуба Тодоровиќ и Бора Нениќ.