[Незадолжителна лектира] Повик за учесници во радио квиз

(Не)задолжителна лектира е програмска емисија која редовно, секој четврток од 20:00 се емитува на Радио МОФ. Оваа година во етер е втората сезона на оваа емисија, чија главна цел е информирање за средношколските проблеми и тековни случувања. Сепак и годинава „Незадолжителна лектира“ најавува низа други активности кои се интересни за средношколците.

За новата сезона да биде уште позабавна од минатата и за да има интеракција со нив, Радио МОФ распишува повик за тимови-учесници на квиз-натпревар кој ќе се организира во рамки на емисијата. Секој тим треба да се состои од двајца членови, а единствениот услов е тие да се средношколци. Прашањата ќе бидат  лесни и едноставни, поеделни во шест категории, а ќе има и категорија асоцијации.

Текот на овој натпревар ќе се одвива на стандрадниот начин, односно секоја емисија по два тима ќе се натпреваруваат едни со други. Победникот од секоја емисија оди понатаму. Двата тима кои ќе стигнат во финалето, ќе добијат награда.

За да се пријавите на овој квиз кој ќе се спроведе во рамките на (Не)задолжителна лектира, кликнете ТУКА.