Неуспешен исход на берлинскиот референдум за климатска неутралност

Недоволно Берлинци гласаа „ЗА“ климатска неутралност на градот до 2030 година, на вчерашниот референдум, пренесува „Дојче Веле“.

Околу 50.9% од гласачите го поддржаа референдумот, но генералната излезеност беше под 50% и недоволна за да се усвојат референдумските барања.

За усвојување на рефендумот да се усвои, потребни беа 25% од гласовите, односно околу 613.000 гласови „ЗА“, а околу 442.000 гласале за. Берлин има околу 2.4 милиони регистрирани гласачи.

Преку својата кампаѓа, градските власти пропагираа Берлинци негативно да гласаат на референдумот, велејќи дека барањата се нереални и не можат да се постигнат.

Преку барањата, референдумот целеше кон целосна климатска неутралност на Берлин до 2030 година, што доколку градските власти не го исполнеа, ќе одговараа пред законот.

Берлин, но и Германија во целост, моментално работи на намалување на емисиите од јаглерод диоксид за 95% до 2045 година.

Климатските активисти од „Климатски Ресет Берлин“, кои беа иницијатори на референдумот, веруваат дека остварување на целта во 2945 година е предоцна.

Во Берлин денес се гласа на референдум за климатска неутралност до 2030 година