„Необична новогодишна прослава“ во Детски креативен центар

Се ближи крајот на годината се сумираат резултатите од тоа што сме направиле. А ние како необични ќе си направиме една Необична новогодишна забава. Повторно дружба повторно заедно, типични или нетипични во развој за нас дете е дете, се вели во најавата за „Необична новогодишна прослава“, настан на 23 декември.

Настанот е инициран од Аутизам МК, од каде потенцираат дека секое дете има право на безгрижно детство, образование, раст и развој како секое друго.

„Но, ние сме тие кои секојдневно покажуваме и докажуваме дека инклузијата е возможна. Впрочем сите наши досегашни настани тоа и го докажаа“, велат од Аутизам МК.

Од таму повикуваат на 23 декември (недела) во 12 часот во инклузивниот простор Детскиот креативен центар, кој е во склоп на МКЦ, за повторно сите деца заедно да се дружат, уживаат во јога и зумба, да прават новогодишни украси, да играат необични и интересни игри и да го повикаат Дедо Mраз да се придружи на веселбата.

„Ќе имаме и Шампионски танчери, необична претстава и уште многу изнендаувања. Вие треба само да дојдете и да ги донесете со вас насмевките, прегратките и желбата за дружење со децата. Ве очекуваме. Гуш и Бац“, соопштуваа иницијативата Аутизам МК.