Неколку европски држави веќе ги олеснуваат ограничувањата поради коронавирусот

Луѓето во Чешка веќе ќе можат да купуваат работи во продавници за компјутери и велосипеди, да играат тенис и да одат на пливање. Австрија планира повторно да ги отвори помалите продавници по Велигден. Данска ќе ги отвори градинките и училиштата од следната недела, ако бројката на случаи со коронавирус остане стабилна, а децата во Норвешка ќе се вратат во градинка за една недела.

Овие нации се првите на Западот што започнаа да ги релаксираат мерките од владите наметнати спречување на ширењето на коронавирусот. Останатите чекаат да видат какви лекции можат да научат за прекинот на изолацијата, во услови на растечките социјални и економски притисоци дома.

За професионалната атлетичарка Ирена Гиларова, од Чешка, намалувањето на ограничувањата во четвртокот значеше дека таа може да се врати на тренинзите на стадионот „Јулиска“ во Прага, за прв пат откако нејзината земја беше затворена.

„Беше одлично, искрено. Бев полна со возбуда и се чувствувам одлично“, изјави за Си-Ен-Ен. „Овие две недели дома ми помогнаа да ја ценам мојата работа повеќе од порано и да не ја земам здраво за готово“.

Спортистите имаат задолжение да обезбедат само одреден број на луѓе да бидат на стадионот во исто време. „Се чувствував 100% безбедно“, рече 28-годишничката атлетичарка. „Сметам дека системот е прилично добар и се обидуваме да бидеме паметни. Сите сме одговорни“.

Д-р Питер Дробац, глобален здравствен експерт во Оксфордската бизнис школа, изјави дека тие земји што сега ги намалуваат своите ограничувања даваат „важни и надежни примери“ за Западот.

„Сè уште имаме многу учење како ова да го направиме и како безбедно и ефикасно да излеземе од излолацијата“, рече тој.

Секое олабавување на мерките ќе носи ризик. Регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, д-р Ханс Клуж, предупреди оваа недела дека ситуацијата во Европа е сè уште „многу загрижувачка“ и инсистираше на тоа дека „сега не е време да се релаксираат мерките“.

Европа „останува поприлично во центарот на пандемијата“, рече тој во средата, каде се наоѓаат седум од најпогодените 10 земји на глобално ниво.

И една студија заснована на избувнување на Кина, објавена во медицинскиот журнал „Лансет“, сугерираше дека мрките за изолација поради коронавирус низ целиот свет не треба целосно да се отстранат сè додека не се најде вакцина или лек за болеста.

Ниту една земја од оние што планираат да ги олеснат ограничувањата во наредните денови не се меѓу најтешко погодените во Европа – и тие ќе сакаат да избегнат втор бран на инфекции. Па, како дојдоа тука?
Според Дробац, државите што се подготвувале да ги олеснат ограничувањата, имаат нешто заедничко: тие беа меѓу првите во Европа што спроведоа затворање и изолација или сериозни мерки за социјално растојание, но и бргу ги зголемија тестирањеата за коронавирус.

„Тие ги направија овие работи и како резултат на тоа веќе го минуваат врвот на инфекциите “, рече тој.

Бројот на смртни случаи поврзани со коронавирус кај овие нации се мери во десетици или стотици, место во илјадници, рече тој, и „тие се на многу подобро место заради проактивното дејствување“.

Она што го објавија, за тоа како планираат постепено да ги релаксираат ограничувањата „изгледа разумно и  паметно“, рече Дробац.

„Тоа е многу постепен процес и тие ќе можат да учат и да ги следат случувањата во однос на нови инфекции. Но, ако премногу ги релаксираат мерките, и инфекциите почнуваат да се зголемуваат, тие можат малку да се повлечат. Тоа е она што треба да го направи секоја држава.”

Другите земји што сакаат да следат свој пат, треба да исполнат три општи критериуми, додаде тој, особено ако сакаат да избегнат втор бран.

Прво, тие треба да ја „свиткаат кривата“ и да забележат конзистентно намалување на бројот на нови случаи, посочи тој. Второ, нивните здравствени системи треба да бидат способни да се справат без прибегнување кон мерки за криза, како што се болници за итни случаи. Трето, им е потребен систем за масовно тестирање, трагање по контакти и изолација, за да можат болните луѓе да бидат изолирани рано пред да ги заразат другите, дополни.

Извор: CNN