Неизвесно за професорите во делчевската гимназија

Технолошки вишок демне врз професорите во делчевската гимназија, откако во новата учебна година се запишале само 89 ученици во прва година, објави локалната телевизија „Стар“.

delcevo-449x272

Спас од намалувањето на бројот на пофесорите се побара од Советот. Но, проблемот на 60-ината професори , според советниците на опозицијата, не може да се шминка секоја година. И советниците од власта не се задоволни од стратегијата на раководтсвото во гимназијата за прифаќање на учениците. Па, тие прашуваат, зошто гимнаизјата дозволила од 144 завршени основци во Делчево да останат само 89 и зошто не отворила стручни насоки атрактивни за ова поднебје?

Мнозинството советници даде амин на барањето да се намали бројот на учениците во паралелките со што засега ги спаси од непопуларата мерка на прогласување технолошки вишок. Но, според информации на телевизијата, училишниот одбор на гимназијата имал обврска до крајот на овој месец да изготви програма за прогласување технолошки вишок на професорите. Инаку, во делчевската гимназија од први септември околу 452 ученици ќе седнат во школските клупи.

Извор: Телевизија „Стар“