Недела на јапонски филм во Скопје и Битола

Утре (29 октомври), во 20 часот во Кинотека ќе започне тринаесеттото издание на „Неделата на јапонски филм“, а настанот ќе го отвори амбасадорката на Јапонија во Северна Македонија, Кеико Ханеда.

Во рамки на „Неделата на јапонски филм“ ќе се прикажат три играни и еден анимиран филм. Селекцијата ќе ги опфати „Гласот на учителот“ (29 октомври), „Ошин“ (30 октомври), „Рудолф црниот мачор“ (31 октомври) и „Самурај мачка” (1 ноември).

Оваа година, филмската недела за првпат ќе се одржи и во Битола, а филмовите ќе се прикажат во Центарот за култура – Битола на 5 и 6 ноември.

Влезот за проекциите е слободен.