Недела на италијанскиот јазик на Филолошкиот факултет

На Катедра за италијански јазик и книжевност при Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје денеска ќе се одбележи Неделата на италијанскиот јазик. Настанот ќе започне во 11 часот, во Мултимедијалниот центар.

На него, свое обраќање ќе имаат врвни домашни и странски професори од областа на италијанскиот јазик, како Ана Комоди од Универзитет за странци во Перуџа и Александра Саржоска, раководител на Катедра за италијански јазик и книжевност, Филолошки факултет „Блаже Конески“.

Исто така, ќе има и меѓународeн семинар за обука на професори по италијански јазик на кој ќе се зборува за насоки за користење на учебниците по италијански јазик “Ragazzi in rete“.

Организатори на настанот се Арс студио во соработка со Здружението на професори по италијански јазик, Италијанската амбасада во Република Македонија, Катедрата за италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Guerra Edizioni и оваа година организираат настан во чест на Неделата на италијанскиот јазик.