Недела на италијанската книга

Институтот Данте Алигиери во соработка со „Култура“, „Матица“, „Три“, „Или-Или“, „Магор“, „Икона“, „Антолог“ и „Литература.мк“ од утре до 5 ноември организира Недела на италијанската книга.

Книжарниците ќе посветат дел од својот иложбен простор на книги од италијански автори, а некои, книгите ќе ги продаваат со попуст.

Во рамки на манифестацијата која е дел од XVI Недела на италијанскиот јазик во светот, на 3 ноември, четврток, во Мултимедијалниот центар на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ќе биде отворена и изложба на постери од студентската работилница на Факултетот за ликовни уметности и Филолошкиот факултет.