„Не се курчи“ – нов стендап на Надица Петрова

Актерката Надица Петрова во среда (22 март) премиерно ќе го изведе својот нов стендап настап „Не се курчи“.

„Во ‘Не се курчи’ Надица е една обична женска  личност која  уште од мали нозе ја учи најтешката животна лекција, лекцијата за ‘курчењето’. Иако знае дека не треба да се курчи, бидејќи искуството и покажало дека курчот секогаш резултира со заеб. Таа ни
кажува дека не е толку лесно човек да се излечи од навлеченоста на курчењето“, се вели во најавата.

Стендапот ќе започне во 21:00 часот во Јавна соба. Билети може да се набават онлајн на овој линк.

„Кој сум јас низ оваа лична борба и која е цената на соочувањето преку оваа реалност?! – се прашањата кои Петрова ќе ги постави со изведбата“, стои во описот.

Петрова досега ги има изведено стендапите „One wo-man comedy show“, и „Која сум Јас“.