„Не го уништувајте Мачу Пикчу“: УНЕСКО реагира на перуанските власти за изградба на аеродромот

Властите во Перу го налутија УНЕСКО поради изградбата на новиот аеродром, бидејќи може да наштети на историското наследство на Инките во Светата долина, пренесува B92.

УНЕСКО испрати писмо до перуанската влада во кое бара информација за изградбата на новиот аеродром во близина на Мачу Пикчу и за неговото влијание врз тврдината на Инките, една од најголемите туристички атракции и светско наследство.

Во писмото се наведува дека властите се обврзани да го заштитат светското наследство и директно се обраќаат за Чинчеро, старо село во Светата долина во близина на градот Киско, каде треба да биде подигнат контроверзниот аеродром.

Перу мора да се координира со УНЕСКО, Агенцијата во склоп на УН, во врска со било каква изградба во близина на Мачу Пикчу и Киско, а одговор очекуваат до 25 август.

Не е прв пат УНЕСКО да праќа опомена на Перу за Мачу Пикчу. Во 2017 година постоеше опасност споменикот да се уништи поради голем број посетители. За таа цел беше поставена контрола – 5.000 туристи дневно за време на летото. Меѓутоа, тоа беше дупло од предлогот на УНЕСКО. Околу 1,5 милиони туристи го посетуваат Мачу Пикчу, колку имаше во 2017 година, а трендот постојано расте. Властите се надеваа дека со аеродром близу тврдината – посетата ќе се дуплира.

Според перуанскиот претседател Мартин Визкара, аеродромот ќе биде готов до 2023 година, а на неодамнешен говор тврдеше дека конструкцијата нема да го загрози историскиот споменик.

Властите истакнаа дека Куско прима 3,5 милиои посетители годишно, што е неколку пати помалку од посетителите во други светски атракции, пишува Гардијан. Нивната цел, како велат, е да го промовираат туристичкиот потенцијал и да не се оптеретени ниту другите светски туристички атракции.