Научниците открија нешто што можеби се фосили од некои од првите живи организми на Планетата Земја. Изгледаат како малечки конци, јазли и цевчиња, пронајдени во карпи на крајбрежјето на Канада, кои се стари и до 4,28 милијарди години.
Тоа е период е многу блиску до формирањето на Планетата и неколку стотици милиони години порано од досега прифатениот период како доказ за најстариот живот пронајден на Земјата.
Откритието е објавено во магазинот „Nature“ и како секое друго вакво тврдење предизвикува контроверзии и дебата. Тимот, сепак верува дека одговараат на секој сомнеж.
Малечките микроби од Квебек, кои ги откриле научниците, се една десетина од широчината на влакно од коса на човек и содржи значајно количество на хематит – вид на железен оксид или р`ѓа.
Метју Дод, кој ги анализирал овие структури на Универзитетскиот колеџ во Лондон (УКЛ), тврди дека откритието може да покаже нешто ново на потеклото на животот.
„Откритието одговара на најголемото прашање кое човештвото си го поставувало – од каде доаѓаме и зошто сме овде? Навистина е понизно да се има во рака најстарата позната форма на живот и да се гледа и анализира“, рекол тој за ББЦ.
Фосилните структури се пронајдени во Појасот Нувуагитук Гринстоун, парче од океанското дно, кое содржи некои од најстарите вулкански и седиментни карпи познати на науката.
Научниот тим го проучувал делот на карпите кои се наоѓале во систем на хидротермални извори кои се познати како важни живеалишта за микроби. Д-р Доминик Папиниу, кој ги открил фосилите во Квебек, смета дека таквото окружување најверојатно било лулката за животните форми стари помеѓу 3,77 и 4,28 милијарди години.
„Помислив – успеавме, ги најдовме најстарите фосили на Планетата. Тоа има врска со нашето потекло. Еволуицијата до интелигентен живот на ниво на свест и точката до која можеме да се враќаме низ историјата за да го разбереме нашето потекло – тоа е инспиративно“, објаснува тој како се чувствувал кога го сфатил значењето на материјалот на кој работел.
Секое тврдење за најстариот пронајден живот на Земјата привлекува скептицизам. Тоа е разбирливо и секогаш е тешко да се докаже дека одредени структури можеби биле продуирани од не-биолошки процеси. Дополнитело, анализата е комплицирана, бидејќи карпите често поминале низ доста промени. Карпестиот појас, на пример, бил под притисок и топлина низ геолошкиот период.
Досега, веројатно најстариот прифатен доказ за животот на Планетата, е пронајден на карпите во Западна Австралија стари 3,48 милијарди години.
Професорот Никола Мек Лохлин од Универзитетот Род во Јужна Африка, која не била поврзана со истражувањето, која се сомнева во податоците кои ги доставиле тимот предводен од експертите од УКЛ, но и со контроверзната максималната старост на карпите, која според неа поверојатно е дека изнесува околу 3,77 милијарди години.
Живот на Марс?
Делумно интересот за проучувањето на најстарите форми на живот, е и поради поврзаноста со организми на друго место во Соларниот Систем.
„Овие организми од карпестиот појас доаѓаат во време кога веруваме дека Марс има течна вода на неговата површина и слична атмосфера како и Земјата во тој период. Па, ако имаме форми на живот кои еволуираат на Земјата во тој период, можеме исто така да имаме почетоци на живот на Марс“, објаснува Дод.
Доколку тоа е случај, тогаш според Папиниу, последните мисии на НАСА на површината на Марс можеби барале знаци на живот на погрешни места. Тој вели дека роботизираните мисии ги занемарувале местата кои имаат карпи произведени од хидротермални извори.
„На површината на Марс имаше пропуштени шанси. Роверот за истражување на Марс, „Опортјунити“, во 2003 најде ветувачки формации, но немаше анализи. Додека роверот „Спирит“ помина покрај друг кратер со таква карактеристика“, мисли Папиниу.
Твредењата дека животот веќе почнал „само“ неколку стотици милиони години откако е формирана Земјата, е дополнително интригантно во дебатите околу тоа дали животот бил ретка случајност или биологијата е вообичаен резултат доколку има прави услови.