НаТочак: Треба развој на меѓуградски велосипедски сообраќај и велосипедски туризам

Кога зборуваме за инфраструктура од државно значење, редно е да почнеме да зборуваме за секаков вид инфраструктура, не само за коли, туку и за железница, за велосипеди… Како што има автопати, зошто да немаме и велопати? ЈП за државни патишта може да ги поврзе блиските населени места и преку велоинфраструктура, соопштува велосипедската иницијатива НаТочак.

Вело-активистите вела дека покрај секој град има населени места на мало растојание кое може комотно да се совлада со точак.

„Луѓето се спремни да возат 5км во насока кога се прекрстуваат со моторен сообраќај, но кога се издвоени, за нив стануваат прифатливи и дистанци до 10, 15 км. Така барем дел од патувањата до работа и разни услуги би можеле да ги прават со точак. Ваквите патеки би имале и транспортна и туристичка функција“, потенцираат од НаТочак.

НаТочак потенцира дека во регионот веќе е во подем велосипедскиот туризам, не мора да одиме подалеку.

„Во Албанија веќе има патека во дел покрај Охридско Езеро, со прекугранична соработка Босна и Хрватска претвораат неупотребувани шини во велосипедски патеки, Унгарија веќе нуди широка мрежа на велосипедски патеки…“, потенцираат тие.

Потсетуваат дека низ Македонија е планирано да минуваат и 2 од Еуровело рутите: По текот на Вардар – Рута 11 East Europe Route која ги врзува Норвешка и Грција.  Паралелно на границата со Бугарија – Рута 13 т.н. „Iron Curtain Trail“ која минува по границата на западниот и источниот блок.

„Но треба да се уредат, изградат, означат за да нè поврзат во континенталната Европска велосипедска мрежа. Покрај Еуровело рутите и врските меѓу населените места, во нашата национална велосипедска мрежа треба да има: Велосипедски рути во атрактивни предели кои ќе го намалат автомобилскиот притисок, а ќе поттикнат и нов зелен туризам (пр. околу Охридско, Мавровско Езеро итн).  Велосипедско поврзување со соседите (со Косово по текот на Лепенец; кон Софија, кон Грција по текот на Вардар, од Битола и Струга кон границите) итн“, се вели во соопштението на НаТочак.

Инаку, НаТочак започнавме нивна велосипедска кампања поттикнати од новите Парламентарни избори. Деновиве постираат по едно клучно барање релевантно на национално ниво.

Зад овие барања стојат: НаТочак од Скопје, БитолаНаТочак, ПрилепНаТочак, ГостиварНаточак, ШтипНаТочак, КочаниНаТочак.

„Ова се нашите црвени велолинии“, велат здружените вело-активисти.