Направи селфи со омилената книга – најдобрите ќе добијат годишно членство во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола

НУУБ „Св. Климент Охридски“ во Битола започна камања во која ги повикува своите читатели да се вклучат така што ќе им испратат фотографија од нивното дружење со книгата која ја читаат.

„Каков читател сте Вие? Кое е вашето омилено место за читање или дел од денот кога најмногу поминувате време читајќи? За тоа како изгледа едно ваше дружење со книгата која сега ја читате, ние Ве покануваме да ни испратите интересна фотографија“, стои во повикот на библиотеката.

Најуспешните фотографии ќе бидат објавени на социјалните мрежи на НУУБ „Св. Климент Охридски“, а како подарок ќе добијат и бесплатно едногодишно членство во библиотеката.

Фотографиите можат да се испратат на: nuub.bitola@gmail.com