Направа што проектира светлосни сигнали на грбот на велосипедистите

Азербејџанскиот дизајнер Елнур Бабајев создаде интересна направа, која се поврзува за седиштето на велосипед и проектира серија светлосни сигнали на грбот на велосипедистот, предупредувајќи ги учесниците во сообраќајот кои се зад него.

Направа што проектира светлосни сигнали на грбот на велосипедистите

Направата, наречена „Cyclee“, ги предвидува потезите на велосипедистот, врз основа на неговите акции во возењето, како забрзувањето или кочењето. Според тестирањата, ова би можело да ја зголеми безбедноста на велосипедистите, возачите и сите кои учествуваат во сообраќајот. Проектираните слики можат да се менуваат со апликација за мобилни уреди, компатибилна со направата.

Направа што проектира светлосни сигнали на грбот на велосипедистите

Сообраќајните несреќи во кои учествуваат велосипедисти се 26 до 48 пати почести отколку оние во кои учествуваат автомобили, а кога има судар меѓу автомобил и велосипед, најчесто вината паѓа кај возачите на коли. Земјите кои инвестираат во велосипедска инфрсструктура имаат помала смртност на велосипедисти, и покрај тоа што таму има повеќе луѓе „на точак“.

Направа што проектира светлосни сигнали на грбот на велосипедистите