„Напиши љубов во 140 карактери“ – конкурс за корисниците на твитер

Награден конкурс „Напиши љубов во 140 карактери“ наменет за корисниците на социјалната мрежа „Твитер“ денеска објавија организаторите на поетската манифестација „Рацинови средби“ 2015.

Целта на конкурсот е поттикнување на креативноста, ширењето љубов и промоција и афирмација на љубовната поезија на Рацин на официјалниот твитер профил на манифестацијата.

За најубавата твитер љубовна порака предвидена е вредна награда која ќе биде доделена на свеченото отворање на „Рациновите средби“ на 11 јуни. Конкурсот ќе трае до 7 јуни 2015 година.