Наместо во самоизолација, професор од кичевско Осој делел свидетелства

Одделението за внатрешни работи од Кичево поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство против 46-годишниот Д.П. од кичевското село Осој поради основано сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

„Тој, во својство на професор и класен раководител во основно училиште во Кичево, на учениците од класот, им доделил свидетелства иако знаел дека потпишал изјава за задолжителна самоизолација, информираат од СВР Охрид.