Наместо „дислајк“, Фејсбук воведува повеќе копчиња за емоции

Фејсбук најави дека наскоро ќе може да се користат повеќе емотикони, односно копчиња со кои корисниците ќе изразуваат различни емоции, како љубов, смеа, среќа, изненаденост, тага и гнев.

Веста доаѓа по три недели откако сопственикот Mark Zuckerberg кажа дека компанијата работи на ново копче, за кое стотици светски медиуми јавија дека тоа е долгоочекуваното „дислајк“ копче. Меѓутоа, Zuckerberg тогаш објасни дека всушност станува збор за копче за емпатија. Со новото копче, корисниците ќе можеа да изразат жалење, сожалување или емпатија, односно да изразат сочувство.

Директорот на одделот за производство Chris Cox пак, вели дека новото „експресивно лајк копче“ е на тестирање во Шпанија и Ирска.

„Како што можете да видете, тоа не е копчето „дислајк“, иако се надеваме дека го задоволува барањето пошироко“.

Тој вели дека ги проучувале коментарите и реакциите кои најчесто се споделувале на Фејсбук, пред да дојдат до, како што го нарекува, елегантниот и забавен дизајн.