Најновиот ривал на Трамп е кромид во кеса

Кромид во кеса е најновиот познат профил на Твитер. За само три дена, профилот @HalfOnionInABag доби 168 000 следбеници.

Профилот има огромен број коментари и споделувања за прилично краток период. Профилот е отворен со една единствена цел, да се спротивстави на претседателот Доналд Трамп и неговите 21,7 милиони следбеници на Твитер.