Најмладиот американски милијардер има 29 години и тргува со криптовалути

Магазинот „Форбс“ објави листа со најмладите милијардери во Америка. Од нив, ниту еден не е постар од 40 години, а извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг, е убедливо најбогатиот од групата, со над 134,5 милијарди долари.

Во продолжение, листа на 15-те најмлади милијардери по редослед од најстари до најмлади:

15. Бен Силберман, извршен директор на „Пинтрест“

Возраст: 39

Нето вредност: 3,3 милијарди долари

Индустрија: Технологија

Бен Силберман е извршен директор на „Пинтрест“, а исто така беше и ко-основач на компанијата во 2010 година. По потекло од Ајова, Силберман го собра своето богатство кога „Пинтрест“ излезе во јавноста во април 2019 година.

14. Линси Снајдер, претседателка на „In-n-Out Burger“

Возраст: 39

Нето вредност: 4,2 милијарди долари

Индустрија: Прехранбена индустрија

Како претседателка на „In-n-Out Burger“, Линси Снајдер го прошири синџирот на ресторани за плескавици што нејзините баби и дедовци го започнале. Од преземањето на функцијата претседател во 2010 година, Снајдер го прошири бизнисот со преку 100 ресторани.

13. Ернест Гарсија III, основач на „Карвана“

Возраст: 39

Нето вредност: 9,3 милијарди долари

Индустрија: Автомобилизам

Ернест Гарсија III е основач на „Карвана“, онлајн услуга што искуството за купување половен автомобил го пренесе од локално на национално ниво. Гарсија и неговиот татко станаа милијардери преку компанијата, при што профитот се зголеми особено во текот на пандемијата, бидејќи побарувачката за користени автомобили скокна нагло.

12. Р.Ј. Скеринг, основач и извршен директор на „Ривијан“

Возраст: 38

Нето вредност: 3,4 милијарди долари

Индустрија: Автомобилизам

Како ривал број еден на „Тесла“ на пазарот за електрични возила, „Ривијан“ постигна успех фокусирајќи се на производите над маркетингот – иако компанијата е далеку помалку позната, таа бара 80 милијарди долари вреднување на својата иницијална јавна понуда.

11. Скот Данкан, наследник од нафтениот бизнис

Возраст: 38

Нето вредност: 6,2 милијарди долари

Индустрија: Нафта

Како и другите наследници на богатството на семејството Волтон, Скот Данкан е богат поради огромното наследство. Тој и неговите тројца браќа и сестри го наследиле своето богатство од нивниот татко, Ден, кој ја основал компанијата за гасовод и нафтовод „Enterprise Products Partners“. Најмладиот Данкан не е вклучен во компанијата.

10. Натан Блечарчик, ко-основач на „Ербиенби“

Возраст: 38

Нето вредност: 10 милијарди долари

Индустрија: Технологија, угостителство

Заедно со Брајан Чески и Џо Гебија, Натан Блечарчик е ко-основач на успешната компанија за сместување „Ербиенби“. Тој во моментов е главен директор за стратегија и помогна во водењето на компанијата низ масовниот пад предизвикан од глобалната пандемија.

9. Брајан Армстронг, извршен директор на „Коинбејз“

Возраст: 38

Нето вредност: 11,5 милијарди долари

Индустрија: Технологија, финансии

Брајан Армстронг служи како извршен директор на „Коинбејз“, најголемата американска фирма за тргување со криптовалути. Тој собра огромно богатство поради неговиот удел во компанијата – тој поседува речиси една петтина од акциите на „Коинбејз“. Компанијата излезе на берза минатиот април во вредност од околу 100 милијарди долари.

8. Дастин Московиц, ко-основач на Фејсбук и извршен директор на Асана

Возраст: 37

Нето вредност: 24,1 милијарди долари

Индустрија: Технологија

Дастин Московиц, кој е еден од ко-основачите на Фејсбук, поседува околу 2% удел во неговиот поранешен работодавец. По напуштањето на Фејсбук, Московиц продолжи да ја основа Асана, која произведува и продава софтвер за организација на работното место. И покрај тоа што поседува речиси една третина од неговата сегашна компанија, Фејсбук е едноставно толку огромен што неговите мали акции во технолошкиот гигант се исклучително вредни.

7. Марк Закерберг, извршен директор и ко-основач на Фејсбук

Возраст: 37

Нето вредност: 134,5 милијарди долари

Индустрија: Технологија

Марк Закерберг можеби не е најмладиот милијардер на оваа листа, но тој е најбогатиот досега. Милијардите на Закерберг се поврзани со неговата делумна сопственост на Фејсбук – тој поседува околу 13% од конгломератот на социјалните медиуми во овој момент.

6. Баиџу Бат, ко-основач на Робинхуд

Возраст: 36

Нето вредност: 2,9 милијарди долари

Индустрија: Технологија, финансии

Баиџу Бат ја основаше „Робинхуд“, компанијата зад истоимената апликација за тргување со акции, уште во 2013 година. Во осумте години од тогаш, „Робинхуд“ стана стандард во тргувањето со акции преку мобилни телефони.

5. Лукас Волтон, наследник на богатството на Волмарт

Возраст: 35

Нето вредност: 17,2 милијарди долари

Индустрија: Трговија на мало

Лукас Волтон е богат поради наследство – тој е внук на Сем Волтон, основач на Волмарт. Наместо да го води семејниот бизнис, Волтон првенствено се занимава со филантропија.

4. Фред Ерсам, ко-основач наКоинбејз

Возраст: 33

Нето вредност: 3,5 милијарди долари

Индустрија: Технологија, финансии

По основањето на „Коинбејз“, најголемата јавна трговија за криптовалути, Фред Ерсам основаше инвестициска компанија со блокчејн, наречена Парадигма. Меѓу нејзините инвестиции се: „Коинбејз“ и FTX, две од најраспространетите берзи за криптовалути.

3. Боби Марфи, главен директор за технологија на „Снепчет“

Возраст: 33

Нето вредност: 15,2 милијарди долари

Индустрија: Технологија

Иако Боби Марфи служи како главен службеник за технологија во „Снепчет“, тој изгради богатство како ко -основач и акционер на компанијата за социјални медиуми каде сега помага во управувањето. Акциите на „Снепчет“ драстично пораснаа откако за прв пат излегоа на берза во 2017 година.

2. Еван Шпигел, извршен директор на „Снепчет“

Возраст: 31

Нето вредност: 13,8 милијарди долари

Индустрија: Технологија

Слично како и Боби Марфи, извршниот директор на „Снепчет“, Еван Шпигел стана богат како ко -основач и акционер на компанијата која стои зад социјалната мрежа. Како и Закерберг, Шпигел успеа да избегне губење контрола врз услугата за социјални медиуми што ја основа.

1. Сем Банкмен-Фрид, крипто претприемач

Возраст: 29

Нето вредност: 22,5 милијарди долари

Индустрија: Технологија, финансии

На само 29 години, Сем Бенкмен-Фрид е најмладиот милијардер во светот. Тој ја освои таа титула со основање и водење на FTX, голема компанија за трговија со криптовалути, која се натпреварува со „Коинбејз“.