Најкреативни држави во светот, Австралија прва, Македонија во средина

Австралија со својот економски раст и одржлив просперитет е најкреативната држава за 2015 година, покажува глобалниот индекс за најкреативни држави.

Истражувањето изработено од Martin Prosperity Institute е сеопфатно мерење на економскиот развој, во кое беа вклучени 139 држави низ светот, рангирани според талент, технологија и толеранција.

Австралија е на првото место на листата со индекс 0.97, додека САД е на второ место, а Нов Зеланд е трет.

Од Балканските држави, Македонија е на 74 место со индекс на креативност 0,391, за технологија е на 76 место, за талент е рангирана на 63 место, додека за толеранција се најде на 70 место. Меѓу првите 20 држави во светот е Словенија, на 16 место, Бугарија пак, е на 48 место, а неколку места подолу, односно на 54 место се најдоа Србија и Грција, а на 58 место е Хрватска. Босна и Херцеговина се најде најдолу од балканските држави, односно на 108 место.

Интерактивната мапа на рангираните држави може да ја погледнете овде.