„Најголемите хитови“ – Василичарски концерти и годинава во НОБ

Националната опера и балет повторно организира гала концерт по повод празникот Василица. Годинава, на 12 и 13 јануари, со почеток во 20 часот, публиката ќе слушне избор од најдобрите хитови од досегашните василичарски концерти, со симфониски аранжмани.

„Публиката ќе има можност да ужива во популарните странски и македонски хитови во изведба на оперски и поп солисти, придружувани од оркестарот на Националната опера и балет под диригентската палка на Бисера Чадловска“, стои во најавата за настанот.

Билетите се пуштени во ограничен број, онлајн на: www.operabalet.mk.