Најдобрите видеа на Радио МОФ за 2018

2018 ја посветуваме на приказните кои даваат надеж дека се уште постои хуманост, волја да се прават големи акции без да се добие нешто за возврат, да се биде храбар и истрајно да се следи сонот и покрај сите препреки. И годинава им се заблагодаруваме на сите што застанаа пред нашата камера и ги раскажаа своите приказни.

Во продолжение, погледнете дел од нашите омилени видеа за годинава:

Во изминатите седум години, македонската демократија ја „разбудија и размрдаа“ големи граѓански иницијативи. Почнувајќи од Протестирам, преку Студентскиот и Средношколскиот пленум, па сè до Шарената револуција, граѓанското општество изврши притисок на власта и успеа да направи некаква промена во Македонија. Радио МОФ изработи четири документарни филмови, чија цел е да ги овековечат овие четири значајни движења, да ги архивираат за да не останат заборавени, но и да поттикнат во иднина погласно и послободно граѓанско општество.

Присуствувавме на отворањето на новиот бар „Umbrella“ во Градскиот трговски центар во Скопје каде вработените се лица со одредена попреченост. Ја споделивме радоста на младиот Филип да работи, да се чувствува корисен и почитуван меѓу луѓето.

Во Скопје отворен бар каде вработените се лица со попреченост

Од синоќа почна со работа нов бар во Градскиот трговски центар во Скопје каде вработените се лица со одредена попреченост. Ова е еден од ретките случаи каде идејата е поттикната од сопственик на локал. Во оваа иницијатива е вклучен и Филозофскиот факултет. Еден од вработените е младиот Филип. Тој вели дека се чувствува убаво кога работи и дека вака е повеќе почитуван меѓу луѓето. На отворањето присуствуваа огромен број граѓани кои дадоа поддршка на идејата.

Posted by Радио МОФ on Thursday, 8 November 2018

Бевме на час во едукативниот камп на учителката Шпреса од Тетово. Иако 14 години е во пензија, таа сè уште го пренесува своето богато искуство на најмладите.

Еден час во едукативниот камп на учителката Шпреса

Учителката Шпреса Синани од Тетово, која 14 години е во пензија, сè уште го пренесува своето богато искуство на најмладите. Последниве две години организира „едукативен летен камп“ за децата од нејзината населба. Откако забележала дека младите немаат како квалитетно да го исполнат своето слободно време на распустот, таа ги повикала во својот дом, преку игра и забава, да им помогне во подобрување на нивното пишување, читање и физичкиот развој.Во видеото #НаЧас на Радио МОФ, учителката Шпреса прави споредба на квалитетот на образовниот процес денес и оној од времето кога таа работела во Основното училиште „Лирија“, а го оценува и ефектот од реформите на образовниот систем во Македонија.Видео-сторијата ја подготви Даниел Евросимоски.

Posted by Радио МОФ on Thursday, 25 January 2018

Се дружевме со Виктор и неговите десетици кучиња во Велес. Од своите 12 години собира бездомни кучиња на кои им пружи нега и им наоѓа семејство. Низ неговиот дом поминале повеќе од 1000 кучиња и мачиња, па и магариња.

Виктор Мазнев – гласот на бездомните животни во Велес

Велешанецот Виктор Мазнев од своите 12 години собира бездомни кучиња на кои им пружи нега и им наоѓа семејство. Низ неговиот дом поминале повеќе од 1000 кучиња и мачиња, па и магариња. Иако 19-годишниот активист заедно со Animals' Voice – Здружение за заштита на животни ВЕЛЕС успеале да го намалат бројот на улични животни во градот, борбата за нивните права, Мазнев ја оценува како буре без дно. „Колку и да спасам кучиња, на улица ги има сè повеќе“, вели тој. За пасијата на овој иден ветеринар може да погледнете во видеото на Емилија Петреска.

Posted by Радио МОФ on Friday, 27 April 2018

Ја преминавме реката Пчиња за да го испратиме 11-годишниот Марко од училиште до неговиот дом на границата помеѓу Македонија и Србија. Најголем проблем за него и неговото семејство е што нема мост, кој би им го олеснил извршувањето на најосновните потреби.

Живее во Србија, учи во Македонија

11-годишниот Марко Арсовски од селото Старац во Србија, секојдневно бос, или со трактор, ја преминува реката Пчиња за да пристигне на училиште. Тој е ученик во основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ во Драгоманце, Старо Нагоричане.Неговото семејство живее во трошна куќа од српската страна на границата, речиси отсечени од остатокот од државата. Најблиското училиште во Србија се наоѓа дури на 70-тина километри. Најголем проблем за ова семејство е што нема мост. Тој би им го олеснил извршувањето на најосновните потреби. Но, мостот им е потребен и за да можат да го пренесуваат најмладиот син Дарко на редовни контроли во Куманово и Скопје, бидејќи е со вроден инвалидитет. Во продолжение, погледнете го краткото видео на Радио МОФ од посетата на семејството на Марко.

Posted by Радио МОФ on Friday, 18 May 2018

Мислевме и дискутиравме на глас за полно работи кои ги интересираат младите – за перспективите во оваа држава, образованието што го добиваат, но и нивното граѓанско учество во општеството.

#НаЧас дискусиите ги претворивме во кратки веб-туторијали за најразлични теми – од тоа како да патувате со мал буџет, за живот со нула отпад, за театар…

#НаЧас: Велосипедска прва помош

Бојан Ранташа, од „Педала“ – Центарот за развој и подобрување на велосипедската култура објаснува што е потребно за прва помош на вашиот велосипед. Ранташа вели дека дупната гума се менува за неколку минути, како и дека тоа не е само машка работа. За насмевка на вашето лице и исправен велосипед, погледнете го видеото на Радио МОФ #ЅрнЅрн #НаЧас

Posted by Радио МОФ on Saturday, 3 November 2018

Продолживме со мини-концертите Engage Kicks&Gigs. И годинава го отворивме нашето студио за алтернативната музика и отстапивме простор за одлични музичари од домашната сцена.

Engage Kicks & Gigs: Pluto's Doubts

Овојпат во Engage Kicks & Gigs ги имаме Pluto's Doubts – бендот чиј албум „Сизиф“ од декември редовно врти на македонскиот етер и кој понуди свеж, иновативен звук и промислени, поетични, а понекогаш и филозофски текстови.„Плутоси“ се Симон Пеоски (акустична гитара/тапани), Горјан Стојменовски (гитара), Дарко Поповски (вокал) и Марио Симоновски (бас гитара) и Емил Спиркоски (тапани).Во 2015 победија на „Лузер фест“, а оттогаш имаат настапувано на EXIT 2016, Што се тресе во МКЦ?, Земјотрес и ПИН Конференцијата, каде премиерно го изведуваа својот албум.Слушнете ги „Сизиф“ и „Супер Јупитер“ и „Самоглад“ – хитовите од нивниот прв албум, за кои бендот продуцираше и одлични видео спотови.Звук – Ненад ТрифуновскиВидео монтажа – Горјан Атанасов

Posted by Радио МОФ on Tuesday, 12 June 2018

Ја започнавме новата тематска емисија „Јасно и гласно“. Фокусот останува на младите. Нив ќе ги поттикнуваме и во наредната година да зборуваат за сè што ги засега.

Јасно и гласно: Неизвесна иднина за младите доктори во Македонија

Македонските лекари и студенти по медицина забрзано учат германски јазик. Повеќе од 1200 млади лекари си заминале од земјава последните седум години. На темата зборуваме со докторите: Магдалена Ѓориќ Петрушевска (матичен доктор), Ненад Лазаров (специјализант по гинекологија и претседател на АМСЛ), Анила Белчишта (специјализант по ортопедија и член на ЗЛС) како и Васко Ѓорѓиевски, студент по медицина.

Posted by Радио МОФ on Friday, 16 November 2018

Годината ја завршивме со „Давалната“ на учениците од СУГС „Никола Карев“-Скопје, кои на Плоштад Македонија во Скопје донираа топол чај за тие што се премрзнати, сочувана облека за оние што немаат и по некоја играчка за најмладите.

„Давалната“ на учениците од „Никола Карев“

Топол чај за тие што се премрзнати, сочувана облека за оние што немаат, по некоја играчка за најмладите. Учениците од СУГС „Никола Карев“-Скопје отворија „Давална“ на Плоштадот Македонија.

Posted by Радио МОФ on Tuesday, 18 December 2018

***

Сите видеа на Радио МОФ може да ги погледнете на нашиот Јутјуб канал, или на нашата Фејсбук страница.