Најдобрите македонски стартапи за 2013 година

Локалната ИТ сцена е сè уште млада и неискусна споредено со соседните држави како Србија, Хрватска и Бугарија. Сепак иако во Македонија нема голема поддршка за стартапите, оптимизам влева тоа што се постојат стартап-инкубатори кои се вгнездија во регионот во потрага по нови идеи.

IT.com.mk на почетокот на Новата година направи листа од најдобрите локални стартапи кои добија разни признанија, имаа целосно креиран продукт или пак претставија нешто ново.

Tesseract Interactive
Tesseract Interactive е единствениот македонски стартап кој лани успеа да добие неверојатни 30.000 долари инвестиција од бугарскиот инкубатор LAUNCHub за да ја развијат својата игра. Иако Excubitor беше направена како хоби, сепак тимот од шест програмери стана и првиот македонски стартап кој имаше свој штанд на најголемиот светски саем за видео игри Gamescom.

iVote.mk
iVote.mk e сервис за изборни процеси и избирачки списоци, чија платформа Demokra обработи над 107 милиони гласови од разни избори ширум светот. iVote.mk победи на Balkan Venture Forum во Тирана, и потоа отпатува во Дизелдорф, Германија, каде се најде помеѓу 25-те победници на European Venture Contest 2013.
TweetsPie
TweetsPie e мобилен клиент за Twitter кој ви ги прикажува само најважните твитови.Апликацијатa лани во период од само еден месец победи во Скопје на Mobile AppCamp и на Droidcon Eastern Europe во Букурешт. Неодамна беа претставени и на TheNextWeb, еден oд најпопуларните ИТ блогови во светот.

Vulpi
Текстуалниот едитор Wordbox на стартапот Vulpi е една од први iOS апликации кои имаат алтернативна тастатура, прва за уредите на Apple. Стартапот влезе во соработка со Fleksy тастатурата која предвидува зборови, и која објави свои SDK алатки за да биде интегрирана во други апликации.


UUUU
UUUU е iOS апликација на брачниот пар Дамјан Цветков-Димитров и Нина Георгиева, и иако на прв поглед може да изгледа премногу уникатна за некои корисници, сепак таа е една од покреативните апликации кои ги имате сретнато во светот, не само во Македонија.

Solaborate
Solaborate е друштвена мрежа за ИТ професионалци основана во САД, но изрaботена во Македонија од тим на 18 дизајнери и програмери. Сервисот е целосно фокусиран на ИТ професионалците кои можат да споделуваат документи, стартуваат видео конференции и да пренесуваат знаење околу техничките проблеми.

Целата листа со детални објаснувања за секој старт ап може да ја најдете ОВДЕ на сајтот на IT.com.mk.