Најдобрите алтернативни дестинации во Европа

Главните градови и најпознатите туристички дестинации во земјите често добиваат најмногу внимание, кое не секогаш се покажува како оправдано. Но, во секоја држава постојат алтернативни дестинации, градови и места кои се незаслужено запоставени, иако понекогаш имаат да понудат многу повеќе. Guardian направи листа на десет најдобри вакви дестинации во Европа:

Гент, Белгија

Најдобрите алтернативни дестинации во Европа

Додека Бриж понекогаш може да изгледа како туристички град-играчка, Гент го има она вистинското. Градот се уште нуди живописна фламанска архитектура и историски локалитети- катедралата St. Bavo е очигледно една од нив – но исто така ќе најдете и зуечки современи креативни сцени, со модерни места за излегување. Вечерите се уште поживи, со голем број на студенти во градот, кој уживаат во звуците на електро легендите Soulwax.

Лион, Франција

Најдобрите алтернативни дестинации во Европа

Градот Лион, има и повеќе од  доволно за да се натпреварува со Париз, како дестинација за викенд, но без да морате да се истоштувате себеси од една дестинација до друга. Од мај 2015, Еуростар ќе има директен воз до Лион, што значи дека ќе можете да стигнете до градот од Лондон, за помалку од 5 часови. Градот е познат по добрата храна, но во последно време тоа е препознатлива област и по пристаништето на реките Рона и Саона. Тоа е местото каде што ќе го најдете неодамна отворениот музеј, Musée de Confluence, кој дава футуристички изглед на науката и атрипологијата- како и La Sucrière, нов објект за уметност и музика во стар магацин за шеќер, како и мноштво на други шик ресторани и уметнички простории.

Лајпциг, Германија

Најдобрите алтернативни дестинации во Европа

Каде на друго место можете да најдете продавница за вегански ќебапи? Лајпциг е град-прибежиште за разочараните берлинци, издигнат од своето индустриско минато благодарение на младите креативци кои се во потрага по забавни евтини и урбани места за излегување. Овој мај, Spinnerei Galerien слави 10 години откако поранешната огромна мелница за памук беше претворена во уметничко студио – ова е само едно од многуте простории за современа уметност во градот која сега ги вклучува и Kaufhaus Held, стоковна куќа претворена во креативен простор во 2013. Во меѓувреме, на ноќната сцена можете да најдете евтини пабови и барови на легендарната „Дестилерија“ – еден од најстарите техно клубови во Германија.

Сеговиа, Шпанија

Најдобрите алтернативни дестинации во Европа

Ако сте биле во Мадрид, Барселона и Билбао, а сте љубопитни да истражите друг, помал град во Шпанија, тогаш Сеговија, со своите прекрасни цркви и побавна динамика, е добра опција за една мини-пауза. Огромната готска катедрала и Дизни-замокот, се меѓу главните атракции во градот, како што е и стариот град, кој е дел од светското наследство на УНЕСКО.Триесетминутниот воз од Мадрид го прави градот лесен за истражување, како еднодневна посета, доколку сакате да избегате од вревата во главниот град.

Порто, Португалија

Најдобрите алтернативни дестинации во Европа

Вториот по големина град во Португалија, иако можеби ја нема истата забавна атмосфера како Лисабон, сепак го има шармот и креативната сцена. Има многу повеќе да се направи отколку да пиете од прочуеното вино Порто. Улицата Miguel Bombarda е центар на уметничката област во градот, каде што ќе најдете повеќе од десетина современи галерии, а тука е и  музејот на современа уметност Serralves, кој покрај тоа што се наоѓа во зграда која е модернистичко ремек-дело (на архитектот Алваро Сиза) – е и еден од најзначајните музеи во земјата.

Линц, Австрија

Најдобрите алтернативни дестинации во Европа

Линц го комбинира стариот шарм на градот со креативната сцена која може да изненади некого кој не е во тек со настаните. Во декември минатата година беше прифатен во мрежата на креативни градови на УНЕСКО, а во 2009 година беше европски главен град на културата, во секој случај им помага се подигне профилот на градот како уметничка и музичка дестинација.

Ротердам, Холандија

Најдобрите алтернативни дестинации во Европа

Амстердам е убав, но Ротердам е град на дизајнот, полн со препознатлива архитектура.

Торино, Италија

Најдобрите алтернативни дестинации во Европа

Нека не ве одбива локацијата на Торино во индустрискиот север на Италија. Градот е попривлечен од Милано, а во него има кафулиња и храна што го претставуваат најдоброто што областа Пиемонт (и Италија) имаат да го понудат. Историското Кафе Торино – познато како “дневна соба” е класично место за дружење и е еден од многуте богато декорирани ресторани и кафулиња во градот.

Гетеборг, Шведска

Најдобрите алтернативни дестинации во Европа

Иако Гетеборг е помалку гламурозен од главниот град на Шведска, Стокхолм, неговата индустриска средина овозможува совршена подлога за креативност. Одличен пример за ова е Роден Стен – стара куќа покрај реката што сега претставува голема уметност и културен простор. Улиците со калдрма кои водат до историското соседство Хага е место во кое може да се истражуваат инди кафулиња, продавници и ресторани.

Белград, Србија

Најдобрите алтернативни дестинации во Европа

Културната сцена во Белград значајно се разви во последните пет години. Комбинацијата на ова со сировиот урбанизам на градот е причина што тој често се споредува со Берлин, но Белград е интересен на свој уникатен начин. Савамала, делот на градот на реката Сава под стариот Белград, во моментов е фокусот на креативноста во градот. Овде ќе најдете одлични места во кои се негува уметноста и забавата, како и голем број на привлечни барови и ресторани.