Најдобрите 20 млади европски бендови на шестата ПИН Музичка конференција

Во рамки на 21-то издание на фестивалот Таксират, од 28 до 30 ноември во Младински културен центар во Скопје ќе се одржи шестата ПИН Музичка конференција. На неа ќе гостуваат стотина значајни делегати, говорници и „тешкаши“ од музичката индустрија во Европа.

Низ трите дена по разни точки и простори во МКЦ ќе настапат дел од моментално најдобрите од искусните, но и од најмладите креативци од европска музичка и домашна сцена.

На отворањето, 28 ноември се најавени настапи на „Borghesia“, култна словенечка група и пионери на електронската музика на овие простори, Marko Louis, Република Српска, биолошки наследник на легендарниот пејач Луис, чиј глас и настапите се посебно сакани и посетувани.

Текстописец и пијанистка од Прага, Bára Zmeková која свири и џез и класика, зачинета со малку електроника е третиот изведувач за оваа вечер на ПИН.

Во петок, 29 ноември, гостуваат „Machine De Beauvoir“, Колектив на уметници, формиран во 2011 година, кој во февруари 2017 година го издадоа првиот албум, „Nimmersatt“, Radioslam од Полска кои ексклузивно ќе до промовираат нивниот прв деби албум, домашните Funk Shui, MAiKA -балканската алтернативна денс-панк формација со членови од Србија, Хрватска и Црна Гора. Следат Ljubičice, академски, електро-блуз, сај-фај дуо, Вук и Петар свират уште од кога биле деца, Сашко Костов, инструменталист, посветен на еклектични идеи, Италијанците SuRealistas, бенд кој го живее својот сон, свират традиционални песни од Латинска Америка – преполни со карипски ритмови и африкански тонови. Гостуваа и Elektro Hafiz, музичар од Истанбул, чии психоделичните тонови потсетуваат на свадбена музика што се слуша во пограничните села во југоисточна Анадолија, Comminor-бенд од Шведска кои себеси се дефинираат како скејтпанк, панкрок, панк, неопанк, хардкор, емо, инди-рок… , како и Британецот Oscar Mic, познат и како Салвадор Дали на рап ‘н’ рол-от.

Во сабота, 30 ноември, настап ќе имаат The Magnettes, поп-трио од Шведска која свири своевидна мешавина од електро-поп и револуционерен панк, Ette Enaka, iнди бенд од Брно, заразно сместени во фолдерот емо-денс панк со пост-рок влијание, MAZ (LUX), rапер од Луксембург, кој вдишува меланхолија и исплукува надеж, домашните Zulu 3.4 и Smut, но и Yuko Украинци, кои комбинираат автентични фолклорни текстови со модерната електронска музика. Една од најистакнатите музички групи од Израел Gute Gute е најавена за оваа вечер, потоа КУКЛА , самопрогласената словенска ганста гејшка и поп уметник,  Oscar Soul Experience, Theodore и Šajzerbiterlemon.