Најдобрата работа на светот – гушкање панди за 32 000 долари

Луѓето кои ги чуваат пандите во Големиот центар за заштита и истражување во Кина се мошне ценети. Ова е вистинска професија за која добиваат и по 32.000 долари(годишно), пишува BoredPanda.

„Вашата работа има само една мисија”, се вели во објавата во познатиот кинески весник China Daily.

„Да минувате 365 дена со пандите и да ги споделувате нивните радост и тага. Ви треба упорност за оваа работа. Очекуваме дека кандидатите ќе бидат претежно работници од големите градови. Тие се навикнати да јадат се што сакаат, но во внатрешноста на џиновската база за панди, нема голем избори“.