„Нахрани 10.000“ – Хуманитарна акција за донирање храна во пет градови

Во петок (21 мај) ќе се одржи хуманитарната акција „Нахрани 10.000“, во пет градови низ земјава-Скопје, Битола, Струмица, Виница и Неготино.

Во акцијата ќе учествуваат 11 организации кои ги повикуваат сите хумани граѓани да учествуваат и да донираат храна за оние што немаат.

„Препорачуваме сите хумани граѓани да донираат храна која не е лесно расиплива како: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа , бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук“, велат организаторите.

Донациите ќе се собираат на следните пунктови:

Активностите на „Ајде Македонија“ се поддржани од Civica Mobilitas како дел од проектот „Одржлива мрежа за спасување на храна“.