„Надреализам и фантастика (рефлексии)“ – изложба во „Мала станица“

Во објектот на „Мала станица“ во среда (20 ноември) со почеток од 20 часот ќе биде отворена групната тематска изложба со наслов со наслов „Надреализам и фантастика (рефлексии) – избор од колекцијата на Националната галерија“.

Според Националната галерија, како што укажува и самиот наслов, изложбата се осврнува на влијанијата кои надреализмот и фантастиката го извршиле врз развојот на современата македонска уметност во минатото, како и рефлексиите кои можат да се согледаат се до денешните остварувања.

„Стремежите за претставувањето на поинаквото доживување на реалноста и за откривање на метафизичката страна на светот во Македонија се воочува во 6-та деценија на 20 век“, соопштува Галеријата.

Различните видови надреализам и целата зона на ликовно изразување, засилено се развива од средината на шеесеттите години (и по Скопскиот земјотрес), со присуство на елементи на надреализам, метафизичко сликарство и магичен реализам.