Над една третина од македонското население зборува само еден странски јазик

Во 2016 година 38 отсто од Македонците, меѓу 25 и 64 годишна возраст, кажале дека имаат познавање од еден странски јазик. Кога станува збор за познавање на два странски јазика оваа бројка изнесува 20 отсто, додека само девет отсто од Македонците имаат познавање од три или повеќе странски јазици, покажуваат последните податоци на Европскиот институт за статистика, Евростат, објавени по повод Европскиот ден на јазиците.

Извор: Еуростат

На ниво на ЕУ, пак, 65 отсто од граѓаните велат дека познаваат еден странски јазик, покажува Евростат.

Најдобри резултати бележат Шведска со 97 отсто, Летонија, Данска и Литванија со 96 отсто, Луксембург со 95 отсто, Финска и Малта со 92 отсто и Естонија со 91 отсто.

Финска и Словенија имаат највисоки бројки во однос на познавањето на три или повеќе јазици (45 и 38 отсто).

Најниско познавање на странски јазици има во Велика Британија каде само 35 отсто од граѓаните познаваат еден странски јазик, потоа Романија со 36 отсто, Унгарија 42 отсто и Бугарија каде половина од населението не познава ниту еден странски јазик.