Над 90 млади луѓе ќе учествуваат во кампот GLOW на планините во Крушево

Повеќе од 90 млади луѓе од Македонија ќе бидат дел од Камп ГЛОУ (GLOW – Girls Leading Our World), кој традиционално го организира Младинската Асоцијација ИМКА Битола во соработка со Мировниот Корпус на Македонија.

Кампот ќе се одржи во детското одморалиште Бегова Корија (поранешно Шула Мина) на планините во близина на Крушево во периодот 21-28 јули 2018 год.

„ГЛОУ – Девојките го водат светот“ е осумдневен, интеркултурен камп за девојки кој промовира лидерство, пријателство и самодоверба. Наставата вклучува граѓанска одговорност, животна средина, лидерство, студии за жените, младинска вработливост, уметничко изразување и рекреација.

ГЛОУ цели кон оспособување на девојките да станат активни лидери во нивните заедници, рушење на културни бариери и промовирање волонтерство.